мостови

Pediatric Clinic

улога на мостовите

Порцеланските мостови се протетски изработки кои обезбедуваат премостување на дел од забниот низ каде недостасуваат заб/и. Индикација за изработка на мостови се недостаток на заб/и.

За да се изработи порцелански мост потребно е да се препарираат на специјален начин забите, да се земе отпечаток, а потоа изработениот мост да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.

Улогата на порцеланските мостови е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се надокнадат изгубените заби со членови на мостот и да се обезбеди повторно забен низ.

Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот.

Главни индикации за изработка на коронка се

  • надокнадување на изгубени заби во простор меѓу два заба
  • доколку еден заб е по малку издржлив поради ендодотско третирање па се врзува со еден појак заб
  • да се препокријат два импланти меѓу кои има простор за еден или два заба

видови на коронки

  • метал керамика (неколку типови)
  • без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан - CAD/CAM)

 

Колку време ке одземе препарацијата на забите?


  • За препарација на забите при стругање за мост не може точно да се определи временската рамка бидејќи зависи од тоа колку заби ќе се стругаат.

  • Колку пати треба да дојдам на стоматолог и за колку дена ке биде изработена коронката?

  • 2-3 посети се доволни и вообичаено не трае повеќе од една недела. 

Дали во меѓу време ке бидам со струган заб и дали ке боли интервенцијата?


Секогаш имате можност да добиете привремени коронки и мостови а и контролирањето на болката не е проблем.