
улога на коронките
Коронките се протетски изработки кои целосно го прекриваат забот и го заштитуваат од сите страни. Индикација за изработка на коронки се премногу оштетени заби, дисколорирани заби, девитализирани заби. За да се изработи коронка потребно е забот да се препарира на специјален начин, да се земе отпечаток, а потоа изработената коронка да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.
Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот.

Главни индикации за изработка на коронка се
премногу големо оштетување на забот кое не може да биде надополнето со пломба. ако забот е ендодонтски третиран и не може да го издржи соодветниот притисок за џвакање да се препокрие имплант кај пациенти со изразена абразија и бруксизам пример
видови на коронки
- метал керамика (неколку типови)
- без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан - CAD/CAM)
Колку време ке одземе препарацијата на забите?
За препарација на забите при стругање за мост не може точно да се определи временската рамка бидејќи зависи од тоа колку заби ќе се стругаат.- Колку пати треба да дојдам на стоматолог и за колку дена ке биде изработена коронката?
2-3 посети се доволни и вообичаено не трае повеќе од една недела.
Дали во меѓу време ке бидам со струган заб и дали ке боли интервенцијата?
Секогаш имате можност да добиете привремени коронки и мостови а и контролирањето на болката не е проблем.

