Pediatric Clinic

ИМПЛАНТИ

Денталните импланти се замена за заб. Тие овозможуваат да се надокнади изгубениот заб, за пациентот повторно да може да јаде и да се смее. Типот на импланти кои ние ги користиме долги години и од кои сме задоволни со постигнатите резултати се еден од врвните брендови во светот.

КОНСУЛТАЦИИ И ПЛАНИРАЊЕ

Се започнува со добра дијагностика и планирање за имплантацијата. Најпрво се разгледува во усната шуплина позицијата на изгубениот заб како и состојбата на пародонталното ткиво. Откако ќе се увиди таа ситуација се преминува на разгледување на панорамска или 3Д снимка каде видливо се гледаат параметри кои се битни за да се оцени дали ќе има услови за да се изврши имплантација.

Се зема анамнеза од пациетот каде се распрашува за минати заболувања кои се како ризик фактори за изведување на имплантацијата.

Откако ќе бидат сите овие ситуации апсолвиарни и се оцени дека може да се изврши импланитрањето тогаш се закажува термин за имплантација.

Имплантацијата се изведува во асептична сала каде се обезбедува максимално стерилно работно поле.

Се изведува со локална анестезија. Самата постапка воопшто не е болна.

По седум до десет дена се вадат конците и се чека еден оптимален период од два до три месеци за остеоинтеграција на имплантот по кој период може да се почне со протетско оптеретување на имплантот.

РИЗИЦИ И КОНТРАИНДИКАЦИИ

Во зависност од анамнезата најчести ризици се дијабетот, остеопорозата како и некои други за кои се дискутира на првата средба при консултациите и планирањето.

  • Дали треба да носам панорамска снимка пред да дојдам?

Не е потребно, ние во ординацијата ќе можеме да ви направиме доколку немате.

  • Колку денови ќе ги имам конците во устата?

Конците се вадат по 7-10 дена.

  • После колку време ќе може да се изработи протетска конструкција?

По изминување на 2 до 3 месеци се прави контролна снимка каде јасно се гледа дали настанала осеоинтеграција на имплантот со коската и потоа се поставува сулкус формер кој гингивата ќе ја оформи и за две недели може да се постави абатментот и постави протетската изработка

  • Што ако нема доволно коска во мојот случај?

Постојат неколку опции со кои може да се надокнади коска доколку е потребно. Таа интервенција се изведува најчесто при самата имплантација.